(ВИДЕО) Попова: Шилегов новиот купувач на градската куќа ќе го „почасти“ гратис земјиште и нула износ на комуналии  

Од:

Зад продажбата на новата градска куќа од страна на Петре Шилегов се крие основан сомнеж за криминал. Шилегов новиот купувач на градската куќа ќе го „почасти“, гратис земјиште и нула износ на комуналии, рече Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје, на денешната прес-конференција.

 „Еве ги и фактите:

– фрапантно е што Шилегов новиот купувач на градската куќа ќе го части со гратис бесплатно земјиште и нула денари комуналии за градот Скопје. Имено градската куќа беше планирана како објект каде ќе биде сместена градската администрација, и за таа цел Градот искористи државно земјиште, а градбата беше ослободена од комуналии. Сега Шилегов ќе го почасти новиот купувач и газда со гратис бесплатно земјиште и комуналии.

– Продажбата ќе оди преку негативна електронска аукција што значи дека цената на продажбата може и да паѓа. Значи сумата која е инвестирана ќе биде повисока, од цената по која ќе се продаде, а Скопје ќе бележи загуба.

Објаснувањата на Шилегов дека сега се сетил дека градбата е нефункционална се излитен параван зад кои се крие сомнеж за криминални интереси. Ако било тоа така зошто овој градоначалник вложи и инвестираше 3 милиони евра за довршување на објектот. Значи Шилегов според неговите зборови дозволил инвестиција во објект кој за него е нефункционален и тоа изнесува 3 милиони евра.

Бесплатното земјиште и комуналии  е врвот на неодговорното и разуздано владеење на Шилегов. Ова е нова бомбона бизнис во кој нашите сомнежи се дека некој значително ќе се офајди.

Пред очи на целата јавност се случува разграбување и оштетување на имотот на Скопјани.

Две години крадоначалник Шилегов, две години лаги, криминали и неработа.“, наведе Попова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина