Младиот Французин Пол Погба пристигна како слободен играч од Манчестер Јунајтед, откако одби да потпише договор со „црвените ѓаволи“ и се пресели во Јувентус.
Иако се претпоставуваше дека ќе биде играч за во иднина, тој експлодираше веќе оваа сезона и на 27 натпревари за „Старата Дама“ постигна 6 гола и сите ги увери дека станува збор за огромен талент.
Младиот играч заработува околу 600.000 евра годишно, а сега неговиот менаџер Мино Раиола бара од торинскиот клуб на лето да ги зголемат неговите примања.
Погба има договор до 2016 година и сигурно дека заслужува повеќе бидејќи дава огромен придонес за клубот во оваа сезона.
Преговорите не одат лесно, од таборот на Јуве сметаат дека сеуште е рано за зголемување на платата, додека Сити и Баерн се заинтересирани за овој фудбалер. Моментално Погба чини 15 милиони евра. па Јуве би можел да заработи добра сума, со оглед на тоа дека тој меѓу „Бјанконерите“ пристигна како слободен играч.
Сепак, тешко дека Јуве ќе го пушти Погба бидејќи и тие насетуваат дека тоа е играчот според кој ќе се гледа иднината на клубот.