Саудиска Арабија наскоро за првпат ќе ги отвори границите за туристи во рамки на новиот визен режим, објави саудиската комисија за туризам и културно наследство.
Овој потег е дел од напорите на кралството да се диверсифицираат изворите на приходот на економијата, што зависи од извозот на нафта. Ријад сака да го зголеми бројот на туристи на 100 милиони годишно во 2030 година.
„Отворањето на Саудиска Арабија за странските туристи е историски момент за нашата земја“, рече претседателот на Саудиска комисија Ахмад Ал-Катиб.
Според саудиските медиуми, туристичките визи ќе почнат да се издаваат од сабота и ќе бидат достапни за државјани од 49 земји.
Саудиска Арабија одамна е една од најзатворените држави, а визите досега беа издавани само за краткотрајни службени патувања, верски аџилак или за оние кои имаат членови на семејството во земјата.