Судан ја затвори границата со Либија и Сентралноафриканската Република

Од:

Суданските власти одлучија денеска да ги затворат своите граници со Либија и Централноафриканската Република од безбедносни причини, и ова е прва мерка што ја презедоа новите власти од смената на претседателот Омар ел Башир во април годинава.

„Суверениот совет, на состанокот со локалните власти на јужен Дарфур, нареди затворање на границите со Либија и Централноафриканската Република поради заканите по безбедноста и економијата на Судан“, се вели во соопштението.

Судан во август го основаше Суверениот совет за да го надгледува преминот од воена во цивилна власт, по три децении авторитарен режим и неколку месеци по демонстрациите.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски