Капитенот на Никарагва, Хуан Барера изјави дека не гласал за напаѓачот на Барселона, Лионел Меси при изборот за најдобар играч во светот спроведен од ФИФА.
Во соопштението за печатот објавено од организацијата по церемонијата за доделување на наградите од страна на Светската фудбалска федерација, се посочува дека играчот во своето гласање го поставил Аргентинецот на прво место.
Јас не гласав за Меси во наградата за најдобар, изјави Барера за локалните медиуми. Во изборот на ФИФА победи Меси во конкуренција на Кристијано Роналдо и Де Лихт.