Екипата на Нирнберг со 2:1 го совлада Аугсбург на негов терен во воведниот натпреварот од 25. коло во фудбалското првенство на Германија.
Со оваа победа Нирнберг фаќа приклучок кон средниот дел на табелата, а Аугсбург остана во опасната зона на испаѓање.
Дербито на колото ќе се игра денеска во Гелзенкирхен каде Шалке го пречекува шампионот Борусија Дортмунд. Натпреварот ќе започне во 15 часоти и 30 минути, термин кога ќе стартуваат и средбите: Мајнц – Баер Леверкузен, Гројтер Фурт – Хофенхајм, Фрајбург – Волфсбург и Баерн Минхен – Фортуна Дизелдорф, додека Борусија Менхенгладбах – Вердер својот натпревар ќе го започнат од 18 часот и 30 минути.
Утре на програмата се натпреварите: Хановер – Ајнтрахт и Штутгарт – Хамбургер.
Табела: Баерн Минхен 63 бодови, Борусија Дортмунд 46, Баер Леверкузен 45, Ајнтрахт 38, Фрајбург 36, Шалке 36,…