Митев од штипската ветеринарна станица: Ќе ги тужиме невладините за клевета, кучињата се живи и здрави

Од:

По обвинувањата на три невладини здуженија за заштита на животните дека во штипскиот стационар се усмртени две кучиња без преглед и тестирања, директорот на ветеринарната станица, Крсто Митев, изјави за „А1он“ дека тоа е лажна вест и дека кучињата се истретирани и сместени во стационарот.

Митев најави дека ќе поднесе тужба за клевета против трите здруженија „Шепасти ентузијасти“,Про анима“ и „Кане корзо надеж“, кои на социјалните мрежи пуштиле фотографии од заловување на куче и обвиниле дека кучето е еутанизирано. Митев до редакција на „А1он“, испрати фотографии од двете кучиња за кои активистите тврдеа дека се убиени.

„Срамно е ова што го прават. Шират дезинформации во јавноста. Двете кучиња за кои тврдат дека се убиени се тука, во стационарот, прегледани и истретирани. Не знам која им е целта, но не е во ред, на овој начин да ‘оцрнуваат’ институција која си работи по прописи и закони. Ве повикувам да дојдете и да се уверите во каква состојба се кучињата. Најостро демантирам дека персоналот, на чело со мене, работи спротивно на правилникот“, изјави директорот на штипската ветеринарна станица, Крсто Митев.

За стационарот за кучиња, надлежна е Ветеринарната станица Штип, која добила на тендер да се грижи за здравјето и условите на кучињата кои престојуваат таму. Невладини активисти и претходно алармираа дека условите во стационарот се нехумани и кучињата не ја добиваат соодветната нега, но и тогаш од ветеринарната станица демантираа дека нивните обвинувања не се точни.

Би можело да ве интересира

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски

Штипјанец осомничен за убиство, ги нападнал сопругата, нејзините брат, татко и мајка

Мицкоски: Во Штип е најголемата здравствена инвестиција од околу 150 милиони евра

Се гаси пожарот на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце

Штипско културно лето започнува на 24 јуни

А1он