Рохани: Иран ќе формира своја безбедносна коалиција во Заливот

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани најави дека Иран ќе формира своја безбедносна коалиција во Персискиот Залив и ќе покани и други земји да се приклучат кон неа, бидејќи САД испраќаат се повеќе војници во Саудиска Арабија и ја предводат сопствената воена коалиција во регионот.

Пред неговото заминување за Генералното собрание на ОН во Њујорк, Рохани рече дека Иран ќе ги повика „сите поморски држави од Заливот“ да се приклучат на неговата коалиција за „да ја гарантираат безбедноста на регионот“.

Тој додаде дека деталите за иницијативата ќе ги претстави пред Обединетите нации и нема да биде ограничена на безбедносни прашања, туку ја опфаќа и економската соработка. Според Рохани, коалицијата е план за долгорочен мир во регионот.

Иницијативата на Рохани доаѓа во услови на зголемени тензии на Блискиот исток во врска со серија напади, вклучително и врз нафтена постројка во Саудиска Арабија, за која САД го обвинуваат Иран.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел