Иранските власти го ослободија британскиот танкер Стена Имперо, запленет од Иранската револуционерна гарда во Ормутскиот Теснец, јави денеска Скај Њуз Арабија.
Ерик Ханел, директор на шведската компанија Стена Булк, која е сопственик на Стена Имперо, танкерот кој пловеше под британско знаме и беше запленет од Техеран на 19 јули, вчера изјави дека е информиран оти танкерот би можел да биде ослободен во наредните часови.
– Сфаќаме дека е донесена политичка одлука бродот да биде ослободен, додаде тој.
Танкерот беше запленет две недели откако Британија заплени ирански танкер кај Гибралтар, кој подоцна беше ослободен.