(ВИДЕО) Трипуновски: Трајане, Љупчо, Зоране на земјоделците им е преку глава од вашите криминали и криминалци

Од:

Криминалците и СДСМ се две различни лица на една иста паричка. Зоран Заев и Љупчо Николовски ги ставаат криминалците кои ги ограбуваат земјоделците да управуваат со земјоделската политика во државата, рече Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

„Кире Неделковски наместо во притвор за проневера тешка 300.000 евра, пари украдени од тутунарите, Заев и  Николовски го поставија на функција.

Додека земјоделците со скинати патики газат  по нивите на жешкото сонце, Кире Неделковски кој украде скоро 300.000 евра од Сојузот на тутунопроизводители е поставен за член на УО на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Не му се доволни 300.000  евра, па сега  зема уште 10.000 денари месечно од граѓаните на Македонија.

Ова е документот потпишан лично од Зоран Заев за поставувањето на Кире Неделковски на позицијата член на УО на агенцијата која треба да го поттикнува и унапредува  земјоделието во Република Македонија.

Наместо стручњаци и лица кои си ја познаваат проблематиката Зоран Заев и Љупчо Николовски на позиции поставуваат луѓе чија единствена квалификација е тоа што успеале да ги украдат земјоделците и да го оштетат напатениот народ на Македонија.

Трајан, Љупчо и Зоран ова е причината поради која земјоделците излегуваат на протести.

Ви се обраќам на тројцата затоа што Трајан е ваш пулен кој што е исплашен па мора да го брани Љупчо Николовски, кој до сега е најнеуспешниот министер за земјоделие во Република Македонија.

Трајане, Љупчо, Зоране на земјоделците им е преку глава од вашите криминали и криминалци. Додека вие ја пустошите државата се повеќе земјоделци ги оставаат нивите и се иселуваат од државата. Време е да си заминете.

Земјоделците ќе ве казнат  за сите погубни политики кои што ги водевте во изминативе три години.

На СДСМ му се гледа крајот, време е за обнова на Република Македонија.“, наведе Трипуновски.

Би можело да ве интересира

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата