Масовна мобилизација на силите на редот во пресрет на денешните демонстрации во Париз

Од:

Француските власти најавија мобилизација на најмалку 7500 припадници на силите на редот наспроти денешните демонстрации и манифестации во Париз, јавува дописникот на МИА.

Главната опасност доаѓа од 45 чин на жолтите елеци кои од раните утрински часови започнаа да се собираат на париските улици и покрај забраната да се собираат на повеќе клучни места во Париз. Ова во моментот кога Елисејската палата, но и другите палата на републиката ќе ги отворат своите врати како дел од манифестацијата деновите на наследството, париската полиција прибегнува кон истите мерки како за 1 мај.

Жолтите елеци веќе 44 саботи по ред сонуваат да навлезат во Елисејската палата, а таа денес е отворена, затоа нејзиното ставање под внимателен надзор за да се спречи најмала инцидент и ризик од навлегување. Особено бидејќи оваа сабота, 21 септември, е претставена како важен датум во календарот на демонстрантите. По летната пауза, овој 45 чин беше претставен како голем ден на повторно враќање на „жолтите елеци“. За безбедноста на Елисејската палата се грижат 800 припадници на силите на редот.

Повеќе метро станици се затворени, додека изутринава се забележани првите судири меѓу жолтите елеци и силите на редот.

За попладне е најавен протест на синдикатот ФО против реформите на пензискиот систем, како и демонстрација за заштитата на планетата, односно против климатските промени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили