Заев: Да се надминеме себе си и да го договориме законот за ЈО

Од:

Премиерот Зоран Заев нагласува дека ќе седне на маса со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со законот за јавно обвинителство, но откако работните групи ќе дадат сигнал до него и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека има напредок. Тој смета дека навистина не се далеку од постигнување договор и апелира да се вложат повеќе напори во таа насока.

Заев ова го кажа денеска одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има нова лидерска на настанот на кој заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, градоначалникот на Берово, Ѕвонко Пекевски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски го означија почетокот на еден од трите проекти за кои беа доделени капитални инвестиции за развој преку програмата за рурален развој во Берово и околината.

Нагласи дека има постојана комуникација меѓу претставници на работните групи и додаде дека била најавена можноста и утре тие да се состанат.

-Верувам дека можеме да направиме напори, навистина не сме многу далеку, само треба да се надминеме себеси посебно во услови кога еве предметите се обезбедени и имаат своја иднина. Дајте да испратиме порака до меѓународните партнери од ЕУ дека навистина како што досега се договаравме со консензус да гласаме во Парламентот за сето она што е поврзано со реформите поврзани со ЕУ и овој закон за јавното обвинителство го договориме. Стојам на располагање целосно. Штом работните групи ќе го дадат сигналот до мене и господин Мицкоски и ние да седнеме да го договориме овој закон за јавното обвинителство, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија