Македонец шверцувал антички артефакти во Србија стари 2500 години

Од:

Антички предмети стари околу 2500 години се откриени на граничниот премин Прешево-Табаовце во автомобил управуван од Македонец, соопшти денеска српската Царинска управа.

Како што наведува Царината во соопштението, предметите се откриен во вторникот кога дежурен цариник и полицаец на влезот во Србија темелно извршиле проверка на автомобил со италијански регистарски таблички, управуван од 54-годишен македонски државјанин.

На задното седиште на автомобилот, во патна торба со лични работи биле откриени седум камени предмети со археолошка вредност. Станува збор за пет камени артефакти изработени од жолто-кафен килибар и два мермерни предмети со стилизирани претстави на жена, маж и коњ, изведени во техника на резба, како и еден камен сад во форма на вазна.

Повеќето артефакти тежат помеѓу 300 и 400 грама, додека најголемата е високо стилизираната претстава на глава и бистата на маж со истакнати делови (очи, нос, уста, коса и гради) со тежина од 2,5 килограми.

Српската Царина информира дека возачот на автомобилот на службениците им рекол дека предметите ги добил од негов пријател, кој ги пронашол во близина на Струмица и дека имал намера да ги однесе во Италија, каде живее за да го красат неговиот дом.

Бидејќи станува збор за антички предмети чија старост и вредност можат да се утврдат само со стручно вештачење, српската Царина го консултирала Одделот за археологија на Народниот музеј во Врање, кој потврдил дека се работи за артефакти од хеленистичиот период стари околу 2.500 години.

Бидејќи се работи за странски државјанин, Прекршочниот суд во Прешево по итна постапка донел одлука да го казни лицето кое се обидело да ги шверцува антички предмети со парична казна, а бидејќи вредноста на прекршокот надминува една третина од вредноста на возилото во кое се пронајдени артефактите, задржан е и автомобилот марка „Голф 3 Караван“.

Со пресудата, одлучено е дека предметите треба трајно да се одземат и да се предадат на Народниот музеј во Врање.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски