ВИДЕО: Адвокатот на Груевски немал полномоштво да го застапува оти предметот има нов број

Од:

Адвокатот на избеганиот експремиер, Никола Груевски, Донче Наков пред денешното судско рочиште за предмерот “Талир 2”, рече дека поради тоа што со преземањето на предметите од СЈО во републичкото обвинителство, предметот добил нов број, тој немал полномоштво да го застапува пред судот со таков број.

“Немам од мојот клиент овластување да го застапувам пред ова јавно обвинителство. За ова дело по овој предмет мора да побарам согласност за да го застапувам мојот клиент”, рече Наков.

Наков побара да биде одложено рочиштето. Адвокатот Еленко Миланов ја оспори стварната надлежност на обвинителството.

Обвинителката Ленче Ристоска рече дека со овластувањето од државниот јавен обвинител, е направено примопредавање на истото обвинение кое само има друг број и дека нема законски пречки за водење на постапката.

Судијката Даниела Алексова Стојановска даде пауза за да одлучи за предлозите. Кирил Божиновски го бранат тројца адвокати.

Во „Талир 2“ обвинети се Никола Груевски, кој е во бегство и има азил во Унгарија, и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски. Според обвинението, тие ја злоупотреиле службената положба и му овозможиле на ДГ „Бетон“ АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Скопска Апелација го врати „Талир 2“ на повторно судење пред првостепениот суд

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

ОЈО го измени обвинението во „Талир“, застаре едно од делата на Миле Јанакиески

Горан Наумовски

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски