Поднесено обвинение за убиството на Пино Секондо

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 (соизвршителство) од Кривичниот законик.

На 11.12.2018 година, обвинетата го повикала оштетениот, сега починатиот Пинета Секондо Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и другиот осомничен со возило Опел Аскона, носејќи со себе огнено оружје – пушка. Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот Шкода со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште.

Тројцата се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале најпрвин вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент осомничениот со пушката го застрелал во главата оштетениот Пинета Секондо.

Притоа, обвинетата дала особен придонес кон извршување на делото, така што овозможила да се сретнат, иако знаела за нивната меѓусебна нетрпеливост. Таа го повикала оштетениот, била присутна во моментот на неговото лишување од живот, а потоа заедно со другиот осомничен го ставиле телото на починатиот во багажникот на возилото. Заедно тие се упатиле кон гробиштата во селото Сингелиќ, а потоа се движеле низ планината кон Љуботен. На едно место здогледале дупка, па обвинетата и нејзиниот соизвршител го оставиле телото во дупката, покривајќи го со ќебе.

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице. Ваквиот предлог обвинителот го темели особено на опасноста обвинетата да се даде во бегство, соочена со кривична одговорност за тешко кривично дело, како што тоа го направил соизвршителот кој се уште е недостапен на органите на прогонот. Исто така, постои основан страв дека обвинетата би можела да ја попречува кривичната постапка, да ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Скопје: Пукал во познаник, тешко го ранил во стомакот

Горан Наумовски

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

Грозоморно убиство во Нови Сад: Со моторна пила и ја исекол главата на мајка си

Горан Наумовски

Обезглавено тело на жена е пронајдено во семеен дом во Нови Сад

Горан Наумовски

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер