Русија ќе ги вооружи космонаутите за да ги заштити од диви животни

Од:

Русија ќе ги вооружи своите космонаути со специјален пиштол што треба да ги заштити од диви животни доколку слетаат во оддалечени и ненаселени места, изјави директорот на Руската вселенска агенција, Дмитриј Рогозин.

– Овие оружја се веќе тестирани. Мислам дека за една година, година и половина, тоа веројатно ќе биде дел од опремата на космонаутите, рече Рогозин.

Планиран е нов руски космодром на Далечниот исток на земјата.

– Слетувањата би можеле да се случат во тоа ретко населено, пошумено подрачје и космонаутите рекоа дека би било добро да се има такво нешто во опремата, додаде Рогозин.

Тие оружја може да се користат за да се сигнализираат местата на слетување и за самоодбрана.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија