Заев и Туск немаат време за новинарите

Од:

Иако беше најавена прес конференција, по средбата премиерот Зоран Заев и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск одржаа само нивни обраќања без да им дадат можност на новинарите да постават прашања.

Причина за ова, како што информираше портпаролот на Владата, е ограниченото време.

Една од главните демократски одлики, јавноста да биде запознаена со актуелните случувања, овој пат беше изоставена и тоа токму при посетата на еден од главните функционери на Европската Унија.

Новинарите наместо одговор на прашања поврзани со актуелните случувања како корупцијата и реформите во судството добија наметнати говори без јасна порака дали Македонија ќе добие датум за преговори со Европската Унија во октомври годинава.

Туск по средбата со премиерот Заев замина за Тирана каде ќе се сретне со албанските власти.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Туск: САД и Европа ќе се консултираат пред средбата Трамп-Путин

Конфликт меѓу полскиот претседател Навроцки и владата на Туск

„Политико“: Се подготвува политичка бура што ќе ја промени Полска