Туск: Полска ќе биде центар на првите воени вежби на сојузниците на Украина

Од:

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека првите воени вежби на сојузниците на Украина ќе се одржат во Полска на есен.

– Безбедноста не доаѓа од декларации. Таа доаѓа од соработка, напиша Туск на социјалната мрежа X.

Туск не даде дополнителни детали за вежбите.

Најмалку 25 шефови на држави и влади учествуваа на состанокот сојузниците на Украина вчера во Париз, во обид да постигнат договор за обезбедување повеќе средства за воздушна одбрана за Украина.

Денот пред парадата по повод Националниот ден на Франција на 14 јули, на која францускиот претседател Емануел Макрон ги покани сите земји што придонесуваат во Коалицијата, состанокот овозможи продолжување и проширување на напредокот и усогласувањето на позициите постигнати на самитот на Г7 во Евиан во корист на зајакнување на поддршката за одбраната на Украина и вршење притисок врз воените напори на Русија, особено преку борбата против „флотата во сенка“, објави Елисејската палата.

Во согласност со Париската декларација потпишана на 6 јануари оваа година, вчерашниот состанок им овозможи на лидерите да прецизираат оперативен план за безбедносни гаранции, насочен кон обезбедување силен и траен мир во Украина, се додава во соопштението.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер потпишаа Декларација за намери меѓу Украина, Франција и Обединетото Кралство за распоредување мултинационални сили за поддршка на одбраната, реконструкцијата и стратешката отпорност на Украина на 6 јануари во Париз, по состанокот на сојузниците на Украина.

Основана на иницијатива на Франција и Обединетото Кралство во февруари 2025 година, сојузниците на Украина ги обединува вкупно 37 земји, претежно европски, подготвени да ја зголемат воената помош за Киев и да обезбедат безбедносни гаранции во случај на мировен договор меѓу Русија и Украина.

Би можело да ве интересира

Сикорски: Путин нема сила да ја нападне Полска

Милер: Украина да ги врати тенковите што ги доби од Полска

Сибиха: Полска направи стратешка грешка со одлуката да му го одземе медалот на Зеленски

Туск: Конфликтот меѓу Полска и Украина го прави Путин среќен

Буданов одби полско одликување, вели дека тоа бил чин на непријателство

Зеленски и го враќа на Полска државното признание „Орден на белиот орел“

Горан Наумовски