(ВИДЕО) Ласовска: Говорот на омраза и навредите од страна на функционери и новинари блиски до Заев и СДСМ не престануваат

Од:

Говорот на омраза и навредите од страна на функционери и новинари блиски до Зоран Заев и СДСМ не престануваат, изјави Благица Ласовска, претседател на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е повеќе од јасно, додаде таа, кога видовме дека ниту невладините организации ниту некој од функционерите на СДСМ се оградил од навредите на Златко Ориѓански, кој токму од Заев бил поставен да ја претставува македонската култура во Тирана.

„СДСМ и новинарите што ја поддржуваат политиката на Заев не запираат со мизогинија и говорот на омраза, па така Бранко Тричковски, полтронот на Заев, во денешниот фејсбук-статус со својот валкан политички речник ги вмешува децата на претседателот Христијан Мицкоски во политичка пресметка. Зоран Заев, Бранко Тричковски и СДСМ одамна се разминале со моралот и со етиката. Власта не избира средства, па навредува и деца и фамилии. Ова лудило од страна нa СДСМ мора да запре и сите заедно да го осудиме ваквото однесување“, рече Ласовска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски