• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Васко Маглешов
Македонија

Предмети на СЈО и натаму ќе ги застапуваат обвинители од СЈО

by Васко Маглешов17/09/2019 - 11:261030
Share1

До крајот на неделата државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, ќе донесе одлука кои предмети во судска постапка ќе ги застапуваат обвинителите кои до вчера беа специјални, дознава „А1он“ од извори во Јавното обвинителство.

Добивај вести на вибер

Тоа значи дека судењата од следната недела може да продолжат со обвинителите кои ќе бидат определени за да ги застапуваат.

Извори за „А1он“ велат е дека предметите од СЈО пред скопскиот кривичен суд повторно ќе ги застапуваат довчерашните специјални јавни обвинители, од причина што се во фаза на доказна постапка, а некои од предметите се пред изрекување завршни зборови и пресуда.

Се размислува и за опцијата да биде назначен раководител од редот на ексобвинителите од СЈО за предметите што тие ги застапуваат.

Неофицијално, неколку предмети на СЈО можно е да ги застапува скопското јавно Обвинителство. Такви се предметите: „Насилство“, „Тревник“ и „Титаник 3“ , „Toтал“, „Талир 2“ и „Тортура“.

Засега неизвесно е како ќе функционира Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ако предметите и доказниот материјал се во просториите на старото СЈО.

Вчера Советот на јавните обвинители ги врати специјалните обвинители во матичните обвинителства од каде што дошле.

sjo

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов12/05/2022 - 19:1413/05/2022 - 10:51

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов28/01/2022 - 10:0529/01/2022 - 10:29

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска20/07/2021 - 11:39

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов14/07/2021 - 12:0114/07/2021 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен