Сателитските снимки покажуваат дека самиот центар на нафтената постројка на Саудиска Арабија за производство на нафта претпел штета во нападот со дронови за кој одговорноста ја презедоа бунтовниците од јеменското племе Хуси.
На снимките направени денеска од сателитот на Европската комисија Сентинел-2 се гледаат црни дамки настанати по експлозијата во центарот на саудиската рафинерија „Арамко“.
Црните дамки, како што додаваат американските медиуми, не биле видливи на претходните снимки. Медиумите наведуваат дека досега ниту Саудиска Арабија, ниту државната компанија „Арамко“ не прецизираа колкава е штетата предизвикана во нападот на Хусите.
Саудискиот министер за енергетика, принцот Абдулазиз бин Салман, изјави дека нападите со дронови од саботата влијаеле врз намалувањето на производството на сурова нафат за 5,7 милиони барели дневно.