Пет лица вчера во вечерните часови побарале лекарска помош од Клиниката за инфективни болести во Тетово поради симптоми на труење. Лицата консумирале храна од ресторанот „Бакал Бакеро“ во тетовско Брвеница. Државниот здравствен и санитарен инспекторат по добиената телефонска дојава од страна на ЈЗУ-ЦЈЗ Тетово и епидемиолошка индикација извршил вонреден координиран инспекциски надзор со претставници од ЈЗУ ЦЈЗ Тетово и инспектори од Агенција за храна и ветеринарство ПО Гостивар.
– Општата санитарно-хигиенска состојба во објектот е на задоволително ниво, во објектот има уредни санитарни книшки за 11 вработените со извршен санитарен преглед во рок како и потврда за извршен ДДД од овластена установа исто така во рок. Од страна на ЦЈЗ Тетово во соработка со ДСЗИ земени брисеви од раце од 5 затекнати вработени лица при надзорот како и 6 брисеви од нежива средина прибор, работни површини, опрема, велат од санитарниот инспекторат.
Со цел да се превенира натамошно ширење на евентуално труење со храна, објектот како потенцијален извор на заразна болест, од страна на ДСЗИ ПО Тетово записнички и со службена лента е збранет и затворен за употреба се до добивање на резултати од земените примероци и спроведување на потребни санитарно-хигиенски и против-епидемиски мерки.