Секое правно лудило, експеримент, занес завршува вака. Секогаш кога државата не се држи до Уставот, секогаш кога Собранието носи неуставни закони секогаш кога правните и државните органи како кога беше кажано дека СЈО е неуставно не реагираат, работите завршуваат вака, со големи последици, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната собраниска седница за разрешување на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Тој се повика на изјавата на претседателот на Советот ја обвинители Коле Штерјев велејќи дека Советот констатирал оти обвинителката Катица Јанева работела несовесно и незаконски.
Димовски рече дека доколку владејачкото мнозинство изведе акробации да се спаси Јанева дека не работела несовесно, тоа ќе биде на грб на граѓаните.
-Единствено нешто за кое Собранието денеска може да гласа е разрешување на Јанева, рече Димовски.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека најмалку 10 пратеници од неговата партија биле уценувани од СЈО за одлучување во Собранието.
-Во моментов имаме правно лудило, верификување на печат и различни потписи. Секој правен експеримент може да донесе штета на државата, СДСМ сакаа да ја имаат играчка СЈО во своите раце . Такви експерименти на моменти ќе ви бидат забавни, но не се завршува така.