Саудиска Арабија соопшти дека две големи нафтени постројки во земјата биле нападнати од дронови, што предизвикале пожари, но не се наведува кој стои зад нападите.
Американските медиуми наведуваат дека јеменските бунтовници од племето Хути претходно изведуваа вакви или слични напади, но денеска не ја презедоа одговорноста за нападите.
Пожарите избувнаа во постројки на компанијата за преработка на нафта Арамко и на нафтеното поле Хураис.
Пожарот во Арамко веќе е ставен под контрола, јави државната телевизија Ал Арабија.
На видео снимките снимени во Бакјака, на истокот од земјата, се гледаат пламени јазици и чад што се крева во воздухот, а во заднината се слушаат истрели од оружје.
Саудиската нафтена компанија Арамко тврди дека ова апостројка е најголемата фабрика за стабилизација на сировата нафта во светот. Фабриката и во минатото беше цел на напади на милитантите.