Најбрзиот човек на на сите времиња Усеин Болт на 8. мај ќе настапи на атлетскиот митинг на Кајманските острови. Засега сеуште не е познато во која дисциплина ќе се натпреварува светскиот рекордер на 100 и 200 метри.
„Со сега сеуште не сум се натпреварувал на Кајманските острови, но мојот тренер Глен Милс ми кажа многу добри работи за митингот. Се надевам дека ќе биде повеќе вакви митинзи на Карибите, затоа што карибските спринтери се најдобри на светот. Се радувам на мојот настап на Кајманските острови и се надевам дека ќе ги потикнам младите уште повеќе да се занимаваат со спорт“ – изјави Болт.