Трамп го отпушти Болтон поради несогласувања

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп го отпушти советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Болтон.

Одлуката ја донел затоа што не се согласувале околу бројни прашања.

Трамп денеска на Твитер соопшти дека ја примил оставката од неговиот советник за национална безбедност, Џон Болтон.

-Изутринава примив оставка од Џон Болтон, откако синоќа го информирав дека неговите услуги веќе не се потребни во Белата куќа. Како јас, така и останати во администрацијата, не се согласувавме со многу од неговите предлози, соопшти Трамп.

Претседателот му се заблагодари на Болтoн за службата и соопшти дека идната недела ќе именува нов советник за национална безбедност.

Во кулоарите на Вашингтон се говори дека зад оставката, меѓу останатите, стои и државниот секретар Мајк Помпео, кој не се согласувал со многу од политиките што ги заговарал сега веќе поранешниот советник за национална безбедност на претседателот Трамп, конкретно во однос на односите со Северна Кореја или мировните преговори со Талибанците во Авганистан.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски