Почина Васил Пујовски

Од:

Драмскиот писател и поет за деца и возрасни Васил Пујовски почина денес на 72 години.

Васил Пујовски е роден на 1 октомври 1946 во село Д’мбени, Костурско, со потекло од Егејскиот дел на Македонија. Завршил Филозофски факултет во Скопје, работеше во Македонската телевизија. Беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1968 година.

Автор е на повеќе дела меѓу кои и „Светот на детскиот сон“ (поезија за деца, 1967), „Пред божји суд“ (поезија, 1969), „Ајде да се дружиме“ (тв-серија за деца, 1985), „Кралот Кускуле први“ (драма, 1992, „Дајте музика“ (поезија за деца, 1994, „Прва лига“ (поезија за деца, 1995), „Ѕвездено дете“ (избор поезија, 1999) и „Ѕверка без мерка“ (поезија за деца, 2000).

Пујовски е автор на голем број македонски хитови од „Макфест“ и „Златно славејче“, како „Кога те нема“ која ја пееше Хелена Благне и „Никола, Никола“ на Оливера Лазаревска.

Би можело да ве интересира

Почина специјалист ортопед Иван Рамбабов

Ана Ололовска

Почина др. Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники

Горан Наумовски

Почина Љупчо Јакимоски поранешен директор на МИА и МРТ

Ана Ололовска

Почина неврохирургот Јовица Угриновски

Катерина Ѓуровски

Почина професорката Татјана Петрушевска

Катерина Ѓуровски

Почина Гордана Стошиќ

Ана Ололовска