Ако злоставувате други, тоа го правите на сопствена штета

Од:

Запоставувањето и понижувањето на блиските може да биде погубно не само за меѓучовечките односи, туку и по психичкото здравје на злоставувачот.

Психолозите од Универзитетот во Рочестер спроведоа повеќе експерименти со кои потврдија дека луѓето имаат всадено чувство за правичност и реципроцитет во комуникацијата.

Направена е компјутерска игра во која учесниците требале да подаваат со виртуелна топка еден на друг. Она што не го знаеле е дека програмата е така напишана што еден учесник секогаш ќе биде запоставуван во играта. По одиграните партии, психолозите разговарале со испитаниците и се покажало дека запоставуваните играчи се чувствувале лошо, што и се очекувало, но така се чувствувале и останатите играчи кои нормално играле, што било изненадување за истражувачите.

– Во секојдневниот живот и во стручните студии, обично се концетрираме на психичката состојба на жртвата. Меѓутоа, ништо помала не е ниту штетата која ја трпат луѓето кои несвоеволно учествуваат возапоставување или злоставување на другите поради притисок на околината, вели Ричард Рајан од Универзитетот во Рочестер.

Нанесувањето повреди на другите по пат на социјални механизми, како што е организирано исклучување, е често, посебно межу девојчињата. Тоа понекогаш остава трајни последици на психата на жртвата, но и на самите учесници, бидејќи со тоа и тие чувствуваат намалена поврзаност со околината.

Последиците од ваквото стресно однесување можат соматски да се манифестираат како неконтролирани телесни реакции, посебно кај лужето кои и самите се чувствуваат осамено и покрај привидот на друштвеност.

– Ние сме социјални суштества и главно инстиктивно избегнуваме да им нанесуваме болка на другите доколку на некој начин не се почуствуваме директно загрозени, заклучува Никол Легате, водачот на ова истражување.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски