Обвинителката Фатиме Фетаи пред денешното рочиште за случајот „Монструм“, рече дека не е битно кој ќе ги застапува предметите на СЈО, туку е важно тие што се огрешиле од законите да одговараат.
„Не е битно дали ќе биде Фатиме, Вилма, Костадинка. Важно е тој што се огрешил, да ги сноси последиците од тоа“, рече Фетаи.
Обвинителката ова го изјави по писмото на Катица Јанева преку судот испратено до СЈО во кое бара во рок од три дена сите предмети са му бидат предадени на Јавното обвинителство.