Познатиот моден фотограф од Германија, Петер Линдберг почина на 75-годишна возраст, објави денеска неговото семејство на неговиот официјален профил на Инстаграм.
– Со огромна тага сооопштуваме за заминувањето на Петер Линдберг. Неговата смрт остави огромна празнина во сите нас, се вели во пораката објавена од неговата втора сопруга Петра.
Линдберг, кој порасна и се образуваше во Германија, ги направи своите први модни чекори откако се пресели во Париз 1978 година. Почина завчера, на 3 септември. Зад себе остави четири сина и седум внуци.
Тој е познат по соработката со супермоделите Синди Крафорд, Наоми Кемпбел, Кејт Мос и Линда Евангелиста во 1990-тите.