Стоилковски се извини за постот за министерката Ангеловска, доколку со метафората навредил нечии чувства

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски по реакциите дека неговиот пост во врска со министерката за финансии Нина Ангеловска бил сексистички денеска на „Фејсбук“ упати извинување доколку со тој пост навредил нечии чувства.

-Бидејќи и тоа што го кажав не е протолкувано како извинување, еве ќе бидам појасен: изнесената метафора беше погрешно разбрана и протолкувана на погрешен начин, затоа се извинувам ако на некој начин сум предизвикал навреда или таа метафора предизвика навреда на нечии чувства. Како син, брат, сопруг, татко, пријател никогаш не поддржувам ниту пак ќе поддржам сексизам или говор на омраза и останувам застапник за човечките права и слободи. Како човек барам прошка ако ненамерно сум погрешил. Очекувам и овој мој јавен став да биде преземен од медиумит, вели Стоилковски во извинувањето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стоилковски: Имотот на пратеничката Зајкова легализиран со лажна изјава?

Стоилковски: Шилегов потпишал договор за „Есенинова“ со нереална цена

Стоилковски: Со нарачано сведочење се гние во затвор, за рекетирање се ужива во кафеани

(ВИДЕО) Стоилковски: Хеликоптерот е евтин само за деспотот и за неговите пажови

(ВИДЕО) Стоилковски: Државата гори од пандемија и погреби, а Филипче и Заев возат мотори

Катерина Ѓуровски

Коневски најави тужба против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Стоилковски

Жарко Настоски