(ВИДЕО) Стоилковски: Државата гори од пандемија и погреби, а Филипче и Заев возат мотори

Од:

Државата гори од епидемија и од погреби, а Венко Филипче и Зоран Заев си се возат на своите мотори. Режимот продолжува со одмор и релаксација додека Македонија погребува свои граѓани – рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски покажувајќи фотогравии од премиерот Заев и министерот Филичпе.

„Секојдневно над 30 граѓани се жртви на епидемијата и на негрижата на Режимот. Секојдневно има над 1400 новозаразени од Ковид 19. Ама Заев и Филипче мува не ги лази и си уживаат во своите крстосувања со скапите мотори од по 30 и кусур илјади евра. Граѓаните очекуваат целосна заложба околу справувањето со епидемијата, додека очекуваат решавање на нивните проблеми, а Заев и Филипче без трошка срам си уживаат во убавото пролетно време. Ова е нивната релаксација. Луѓе умираат барајќи кислород, болниците се преполни, но тоа Филипче не го интересира. Филипче и Заев ги интересира угоден живот, ги интересира големи провизии, а граѓаните кој како ќе се снајде“ – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Нема голем скандал во Македонија, а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај Али Ахмети

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

Филипче за Извештајот на ЕК: Сè е полошо

Горан Наумовски