Дескоска до Мицкоски: Времето истекува, изјавата е крик на немоќ

Од:

Министерката за правда, Рената Дескоска реагираше по изјавата од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека таа е основната пречка што преговорите за Законот за јавно обвинителство не се завршени.

Дескоска вели дека изјавата на Мицкоски е знак на немоќ, крик на фрустрација бидејќи биле разобличени вистинските намери во однос на законот.

„Лошо е ако Мицкоски има искривена перцепција за реалноста и не знае да ја оцени вистинската состојба на разговорите за законот, ако не е свесен кои се црвените линии за правда и владеење на правото чие почитување го бараат граѓаните, но и меѓународната заедница. Исто така е лошо и ако е свесен за тоа, но не ја зборува вистината, па намерно шири лажни вести. Му порачувам да си погледне во сопствениот двор и да се запраша какви позиции застапува неговата партија во разговорите за законот. Неговата денешна изјава е крик на немоќ, крик на фрустрација дека вистинската намера на нивните позиции во однос на Законот за јавно обвинителство е разобличена и дека барања за заштита на криминалот и амнестија на криминалците нема да поминат“, напиша Дескоска.

Таа вели дека се додека истакнуваат барања кои значат рушење на правната држава и амнестија за криминалот – тие барања нема да поминат.

„Морам да кажам дека ми ласка и тоа што формалниот претседател на најголемата опозиска партија во неколку наврати изминатава недела се “занимава” со мене и ми придава големо значење и улога – дека мојата улога била клучна во заштитата на јавниот интерес во преговорите за законот. Сепак во интерес на вистината морам да кажам дека целиот наш четворочлен тим е апсолутно обединет во бранењето на црвените линии – правда и правна држава, што ја прави мојата позиција како водач на тимот многу комотна. Времето истекува. На Вас останува каква улога ќе одиграте – улога на лидер или улога на марионета“, додава Дескоска.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Спогодба со Кичеец, непостапување за 27 април, пучот на Заев – кои се обвинителите кои сакаат да гонат криминал со Русковска

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска