Собраниска расправа за избор на заменици-министри

Од:

Станува збор за луѓе кои се образовани и со големо практично истуство, кои имаат голема желба и љубов од позиција како заменик министер во соодветен ресор да помогнат во унапредување на состојбите во ресорите за кои се предлагаат, во услови кога во државата работите се придвижуваат напред, рече премиерот Зоран Заев пред пратениците образложувајќи ги предлозите за избор на заменици министри – Кирил Колемишевски за економија, Елизабета Наумовска за образование и наука и Неџад Мехмедовиќ за заменик-министер во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Верувам, рече Заев, дека со нивното искуство и мотивација што ја имаат ќе дадат сериозен придонес во делокругот на работа на нивните ресори, но и севкупната работа на Владата.

– Знам дека нивната мотивација дополнително ќе даде резултат кој ќе биде во функција на севкупниот абиент што сака државата да го направи, а тоа е задоволни граѓани, кои живеат во среќно општество во кое се гледа унапредувањето на самите институции кои постојат да им служат на граѓаните. Искуствата што ги имаат стекнато со работата и професионалниот ангажман тие сега добиваат можност да ги вградат во вака важни ресори за иднината на граѓаните, рече премиерот Заев.

Мехмедовиќ дипломирал во 2008 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Во 2013 година магистрирал на тој факултет, а во 2017 година магистрирал на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Софија. Во 2018 година станува докторанд на студиската програма Историја на Македонија при Институтот за национална историја-Скопје.

Наумовска студирала на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде се стекнала со звање дипломиран професор по физика. Таа е и магистер по менаџмент со човечки ресурси, академско звање што го стекнала на Факултетот за менаџмент со човечки ресурси при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Колемишевски дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во 2001 година на отсекот управно право. Од јули 2011 година работи како адвокат во адвокатското друштво „Колемишевски и партнери“, а претходно има работено во „Комерцијална банка“ и во КБ Прво пензиско друштво.

Попладневниот дел од собраниската седница продолжува со расправа по предлогот на премиерот за избор на заменици-министри.

Претходно Собранието на Република Северна Македонија попладнево во рамки на 110-та седница со 64 гласа „за“ и 18 против ја избра Нина Ангеловска за министер за финансии, а со 61 гласа „за“ и 21 против го избра Хисен Џамаили за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште