ВМРО-ДПМНЕ: Сета влада е лажна вест и тоне во криминал и затоа бега од избори

Од:

СДСМ се заглавени и се подолу тонат со обидите да ги амнестираат криминалот и високата корупција. Тоа е единственото на кое се посветени и за тоа ја жртвуваат иднината на државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дамјан Манчевски од СДСМ.

„Ниту правда ниту интеграции ќе има со селективноста на правдата која што ја водат преку „пупка судството“ и прислушуваното ЈО на Зора Заев.

Изворот на лажни вести во насока на криење на корупцијата е токму власта на главата на криминалниот октопод.

Тоа се вестите за Блескање, за Датум за преговори, за Раст на пензии, за Раст на економија, лажните вести За Живот.

Транспарентноста која е главна во флоскулите на оваа крими-власт бега од одговори за тоа каде се парите од Рекет и каде завршува торбата пари, одговори за Драги Рашковски и криминогениот тендер за Леонардо, спогодбата на Анѓушев вицепремиерот со Анѓушев бизнисменот?

Транспарентноста молчи пред прашања каде се 500 евра просечна плата, земјоделски мерки кон потребите на земјоделците, 600 км автопатишта и другите лаги кои ги сее власта.

Врвот на недемократското владеење се обидите за замолкнување на медиумите, тужени и повикуваат новинари  во полиции заради информации од
јавен интерес.

Сета влада е лажна вест и тоне во криминал и затоа бега од избори. Едно е сигурно, следат избори и потоа обнова на Република Македонија во која секој што се огрешил и учествувал во криминал ќе одговара пред независни правосудни органи.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина