ВМРО-ДПМНЕ: Јасно се гледа поврзаноста на Заев со Боки 13 и нивната координираност во собирањето рекет

Од:

Второ сведочење во кое што Зоран Заев е директно споменат како глава на политичко-обвинителско-медиумскиот октопод. Втор пат јасно се гледа поврзаноста на Зоран Заев со Боки 13 и нивната координираност во собирањето рекет. Втор пат по ред се потврдува дека Зоран Заев бил во тек со се, велат од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

„Улогата на Заев во криминалот станува јасна за целата јавност, освен за Вилма Русковска која се очекува пак да негира дека бил споменат и да ги прикрива теагите што водат кон него.

Зоран Заев од ден во ден се повеќе тоне. Во Република Македонија единствено блескаат криминалот, рекетот и изневерените очекувања.

Власта наместо да се бори против криминалот, го штити. 4 месеци се развлекува истрагата за случајот Рекет. ЈО ги затвори само директните
извршители, а за главата на октоподот се уште нема ни истрага.

Додека криминалот царува. Граѓаните гладуваат.

Земјоделците плачат и немаат каде да го продадат произведеното. Нема ниту откуп, ниту субвенции. Бизнисмените се рекетирани. Работниците се измачувани. Нема развој. Имаме само стагнација.

За 7 месеци од годината немаме ниту 1/4 од годишно планираните капитални инвестиции реализирано. Нема нови проекти. Нема напредок.

Буквално целата држава е по јаремот на власта. Времето на оваа власт проаѓа. Одговорност за недомаќинското работење и стагнацијата ќе има. Предвремени избори веднаш.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина