(ВИДЕО) Стоилковски: Притворањето на Димитар Димовски и Дејан Митески е акт на страв на СДСМ

Од:

Зоран Заев и картелот на власт тонат во криминал и колку повеќе го губат тлото под нозете, толку повеќе расне притисокот и злоупотребата врз институциите за да ја замолкнат опозицијата, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Апсењето и притворањето на Димитар Димовски и Дејан Митески е акт на страв на СДСМ и ништо повеќе. Притворот за Димовски и Митески, но и на службеничката во Министерството за транспорт и врски, Анета Јорданова, е акт на политички прогон изживување и терор врз неистомисленици на кланот на власта.

Доколку имаше криминал, немаше да се чека дури три години за да се покрене случај. Доколку имаше криминал немаше само за нив да има притвор меѓу 11 осомничени. Притворот е политички определен за да се задоволи барањето за политички прогон, за политички хир и за обвинителство кое секојдневно покажува дека е тука за да замижува и да ги заштитува криминалите на Зоран Заев, задоволувајќи ги притоа неговите нарачки.

Судот мора да ги земе предвид фактите дека по два месеци притвор, Јавен обвинител не најде за потребно да ги посети и да им земе исказ на овие тројца. Судиите мора да ги земат предвид фактите дека нема основа за продолжување на притворот, ниту може да го повторат делото, ниту да влијаат врз сведоци или докази, ниту пак за бегство. За пример, Димовски сам го предаде пасошот до судот и ниту пак побегнал, сведоци во случајот не се познати, а повторување на делото е невозможно бидејќи во министерството каде што работат ги немаат повеќе ингиренции.

По два месеци притвор во вакви услови јавно прашуваме дали Димовски, Митески и Јорданова кои што работат во министерството за транспорт и врски, се жртви на тортура заради бизнисот на вицепремиерот Кочо Анѓушев и неговиот брат? Доколку и по трет пат се определи мерка притвор, под истите околности, веруваме дека станува збор за политички прогон.

Судиите мора да изнајдат сила и да работат врз основа на правните аргументи и факти, а не врз основа на хирот и потребата на властодршците за прогон врз опозицијата. Заев, заевизмот, заевистите тонат и ќе одговараат за сите криминали, рекетарства и местени тендери, а со нив ќе одговараат и нивните соработници“ порача Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски