(ВИДЕО) Фазлиу: ДУИ не реагираа за тепањето на Албанците

Од:

Албанци беа тепани, а ДУИ наместо да реагира, својата одговорност ја префрла кај други, обвинија од ДПА. Кога се очекувало Али Ахмети да ги заштитат Албанците се случило спротивното, велат во партијата на Тачи.

„На тие што не им претставува впечаток крварењето на албанските деца, што не им претставува впечаток фактот што полицијата воопшто не реагира и научени секогаш да бидат дел од сценарија со единствена цел за политичко профитерство, сега во 2013 година се зачудени како е можно нивните црни сценарија да не функционираат повеќе кај Албанците.

Од друга страна, албанците секој ден се плен на ДУИ, кој зеле залет да уценуваат, изнудуваат, да им ги затвараат бизнисите, сето ова за да ги омаловажат и да ги искористуваат за изборите на 24 Март“, изјави шефот на изборниот штаб на ДПА Беким Фазлиу.

Би можело да ве интересира

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот