ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ достави повеќе од 20 амандмани за законот за обвинителство

Од:

Повеќе од 50 амандмани поднеле пратениците на предлог законот за јавното обвинителство и законот за советот на обвинители, за кои денеска треба да се расправа на Комисијата за европски прашања. Речиси половина од амандманите се доставени од ВМРО-ДПМНЕ, односно 20-тина, додека од владејачката СДСМ доставиле 16 амандмани.

Од ДУИ поднеле 10 амандмани, а три се на Алијанста на Албанците. Претседателот на комисијата, Артан Груби, најави дека ќе свика продолжение на седницата откако ќе се разгледаат амандманите на консултација меѓу пратеничките групи. Претходно пратениците и од власта и од опозицијата едногласно го усвоија дневниот ред на седницата на која треба да се расправа за законите со кои се решава судбината на СЈО.

На последниот состанок работната група за законот за обвинителство не успеа да ги надмине разликите за предметите на СЈО како и за мандатот на обвинителите. Министерката за правда, Рената Дескоска најави дека ако не успеат да обезбедат 80 гласа, ќе иницираат законски измени на други закони за кои е потребно просто мнозинство.

Би можело да ве интересира

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски