ЕУ е против безусловното враќање на Русија во Г7

Од:

Европската унија е против тоа на Русија да и се упати безусловен повик за повторно да им се приклучи на разговорите на лидерите од Г7, изјави денеска висок европски претставник.

На овој начин тој одговори на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп дека би било во ред Русија да се врати во членството на Г7, на групата најнапредни индустријализирани земји од светот, пренесоа британските медиуми.

Претстојниов викенд во француското место Бијариц ќе се оддржи нова средба на седумте лидери од групата.

До анектирањето на Крим од Украина, во 2014 година, Русија беше членка на дотогашниот формат Г8, по што беше ифрлена од групата.

Претставникот кој сакаше да остане анонимен рече дека причините заради кои Москва беше исклучена „остануваат да важат“ и дека каква било понуда за безусловно враќање ќе биде „контрапродуктивна“ и „ знак на слабост“.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот