Украинскиот претседател Володимир Зеленски и предложи на Русија да и го врати Крим на неговата земја за да може назад да го добие своето место во групата највлијателни земји во светот- Г8, пишуваат руските медиуми.
Зеленски на својата ФБ страница напиша дека Русија треба да го прекине конфликтот во источна Украина и да ги ослободи Украинците кои се наоѓаат во руските затвори. На тој начин земјата ќе даде силен сигнал дека „сака мир и е подготвена повторно да го заземе своето место во големата дипломатија”.
Претходно американскиот претседател Доналд Трамп се согласи со предлогот на неговиот француски колега Емануел Макрон, на средбата на Г7 во САД, во 2020 година, да биде поканета и Русија.
За враќањето на Русија во Г8 Макрон кажа дека тоа би било грешка без пред тоа да не се разреши кризата во Украина.
Против враќањето на Русија во Г7 досега се изјаснија британскиот премиер Борис Џонсон и германската канцеларка Ангела Меркел.