Затвор за Јанева од најмалку три години ако биде осудена

Од:

Најмалку три години затвор ѝ се закануваат на уапсената специјална јавна обвинителка, Катица Јанева.

Обвинителот Љубомир Јовески на прес-конференцијата рече дека Јанева е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување според членот 353 став три од Кривичниот законик.

Членот 353 ставот три предвидува: „Ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку три години“.

Бојан Јовановски и Зоран Милевски се осомничени за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“, а Јовановски е осомничен и за кривичното дело „Перење пари“.

Во истрагата која Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја отвори на 15 јули годинава, засега се опфатени три лица.

Би можело да ве интересира

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

A1on

Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Кристијан Ландов

Судењето за милионот одложено, сведоците не дојдоа, тужените бараа да се суди без нив

Ландов