Интер го казни Касано поради кавга со тренерот

Од:

Напаѓачот на Интер Антонио Касано заработи казна од 40 илјади евра поради инцидент со тренерот Андреа Страмачони, соопштуваат од клубот.

До судир меѓу тренерот и играчот дошло по тренингот во петокот кога Касано влегол во вербален дуел со неговиот претпоставен, а италијанските медиуми пренесуваат дека посериозен физички инцидент спречиле Дејан Станковиќ и менаџерот Иван Кордоба.

Во неделата против Катанија, Касано не беше во составот на Интер, но во понеделникот се извинил на тренерот и на соиграчите за својата постапка и се очекува да биде во екипата на осминафиналниот натпревар в четврток против Тотенхем.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска