Думата формираше комитет за да ги испита наводите за странско мешање

Од:

Долниот дом на рускиот Парламент формираше комитет за да ги испита наводните случаи на надворешно мешање во врска со низата протести поради забраната на одделни кандидати да учествуваат на изборите за московската градска Дума.

Комисијата формирана од Државната дума ќе ја одржи својата прва седница на 30 август.

Пратеникот на владејачката партија „Обединета Русија“ Андреј Исаев изјави дека случаите на странско мешање вклучуваат и предупредување од амбасадата на САД да патуваат во Москва, најавувајќи го времето и местото на одржување на протестот.

Тој, исто така, ги наведе наводните повици на Дојче Веле на социјалните мрежи за учество во протестите.

Илјадници луѓе протестираа затоа што на некои опозициски и независни кандидати им беше забрането да се регистрираат за парламентарните избори на 8 септември во Москва.

Полицијата прекина два неовластени митинзи и уапси повеќе од 2.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија