(ВИДЕО) Стоилковски: Од што точно се плаши Костадинов кој што често беше фотографиран во друштво на еден од осомничените?

Од:

„СДСМ и до гуша заглавениот во криминал Зоран Заев се во паника и демонстрираат нервоза. Заради тоа што живи се фатени во случајот „Рекет“, наместо да побараат одговорност тие водат борба за заштита на криминалот.

Затоа се и тие панични прес конференции каде што се конструираат и креираат, сеат лаги. Во тоа предничи портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов кој што според сомневањата има и лични причини за тоа“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

„Имено, отворено прашуваме и отвораме дилема, дали причините заради кои што Костадинов манипулира и лаже на прес конференциите за случајот „Рекет“ е содржината на еден од телефоните на осомничените?

Дали во еден од телефоните кои што се форензичат има инкриминирачки пораки и фотографии од Костадинов?

Дали Костадинов лаже на прес конференции затоа што се плаши од содржините во телефонот на еден од осомничените, а се со неморална и срамна содржина?

Дали затоа Костадинов ниту еднаш не повика, не побара за побрзо вештачење и побрзо расчистување на истрагата?

Од што точно се плаши Костадинов кој што често беше фотографиран во друштво на еден од осомничените?

За нивната блискост и соработка сведочи и фактот што Костадинов е прогласен за Почесен член на владината невладина токму на еден од
осомничените во „Рекет“.

Дали телефонот на осомничениот крие лични тајни заради кои сега Костадинов на дневна основа панично манипулира со јавноста?

Јасно е дека СДСМ го штити криминалот на главата на октоподот, а сега треба да одговори и дали Костадинов го крие и штити сопствениот срам?“, праша Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот