ВМРО-ДПМНЕ: Кај кого сѐ завршувале милионите од рекетот кој Боки 13 и Зоки Кичеец го вршеле?

Од:

Зоран Заев и Костадин Костадинов се најблиски соработници со првоосомничениот во „Рекет“. Тие го измислија, го штитеа и му даваа поддршка во рекетарските походи. Илјадници сликања, јавни настапи и почесни титули во криминалната невладина сведочат дека Заев, Костадинов и Тредичи се заедно, до гуша во криминалот, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ.

„СДСМ треба да погледне во сопствените редови и ќе види фотографии од цела Влада, сите градоначалници и половина СДСМ со осомничените за „Рекет“. И не само фотографии, туку и меморандуми за соработка со Меѓународниот сојуз на Боки Тредичи преку кој очигледно биле перени парите од рекетот.

СДСМ наместо да ја дефокусира јавноста треба да одговори, дали се вистините написите во медиумите дека чантата со рекетот преку ГПС уред е регистрирана во владата.

Каде и кај кого се завршувале милионите од рекетот кој Боки 13 и Зоки Кичеец го вршеле, кој без СЈО и Зоран Заев воопшто и не би бил можен.

Време е за одговори и одговорност. Време е за предвремени парламентарни избори и обнова на Македонија.“

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски