Армијата го одбележува 27-от роденден

Од:

Во Армискиот центар за обука на вода во Охрид, денеска, ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата.

На свеченоста ќе присуствуваат претставници од највисокиот државен и воен врв на земјава, поранешни министри за одбрана и началници на генералштабот, пензионирани генерали, претставници на дипломатскиот кор, институции со кои соработува Армијата и други.

На одбележувањето на роденденот на Армијата ќе присуствува и командантот на Националната гарда на Вермонт полковник Грегори Најт кој е во повеќедневна посета на земјата и по повод одбележување на уште еден јубилеј – 25 години од билатералната соработка.

-Ние сме тука и секогаш даваме поддршка за вашето членство во НАТО и истовреме очекуваме да станете 30-та членка на Алијансата, порача полковник Најт кој најави дека во следниот период планираат да го зголемат нивото на соработка.

На заедничката прес-конференција по средбата во Министерството за одбарна, министерката Шекеринска истакна дека 25-годишното партнерство со НГ на Вермонт е вградено во достигнувањата на нашата Армија, на нашиот одбранбен систем и се одбележува токму во време кога практично ги броиме последните денови до нашето полноправни членство во НАТО.

Меѓу гостите на централната прослава на Денот на Армијата ќе биде и висока делегација на Вооружените сили на Република Бугарија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Андреј Боцев, која исто така престојува во повеќедневна официјална посета на земјава.

Спроти Денот на Армијата, вчера во касарната „Илинден“ во Скопје се изврши почесна артилериска стрелба со истрел од 10 плотуни од шест артилериски орудија (хаубица 105 мм.).

За роденден на Армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”. Процесот за формирање на современата армија на земјава започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша Договорот за дислокација на федералната армија од територијата на државата.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска Давкова донесе одлука за ангажирање на Армијата во справувањето со кризната состојба поради пожарите

Лосос, фаширана шницла и тулумби за Армијата: Министерството ќе плати шест милиони евра за ручеци

A1on

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски

Ковачки: Генерали и полковници сексуално малтретирале офицерки ветувајќи им унапредување во АРМ

A1on

Војската излегува на улиците во Виена: Австрија го зголеми нивото на закана од тероризам

А1он