А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ глуми лажна загриженост за здравствениот систем

by А1он17/08/2019 - 16:00207
Share0

„Невидено лицемерие е кога криминалната ВМРО-ДПМНЕ зборува на тема здравство и глуми лажна загриженост за здравствениот систем.

Добивај вести на вибер

ВМРО-ДПМНЕ 11 години имаше време да направи нешто во здравството но наместо тоа парите безмислосно ги фрлаше на лажен барок, споменици и стиропор, а на сметка на тоа здравството падна на дното.

Наместо, за нов Клинички над 600 милиони евра, пари на граѓаните одеа за задоволување на криминалните апетити на Груевски и фамилијата додека здравството се подлабоко тонеше, а клиничкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ остана само на тараби и огромна дупка.

Владата на СДСМ ја санираше лошата состојба.“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Конечно во нашата држава ќе има нов современ клинички центар кој ќе ги задоволи потребите на граѓаните но и условите во кои работат здравствените работници.

Во меѓувреме се реконструираа повеќе одделенија кои со години не беа пипнати.

Како дел од тие реконструкции се одделенијата во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје односно одделенијата за детска хирургија и пластична хирургија, одделението за урологија и одделот за дигестивна хирургија.

Во Куманово е отворен нов, современ Ургентен центар кој што пружа здравствени услуги на околу
200 000 жители во кумановскиот регион, каде што на едно место ќе има тријажа и дневна болница.

Наместо на споменици како што трошеше ВМРО-ДПМНЕ, 1,3 милијарди денари се искористија за општата болница во Куманово и реконструкција на болницата во Кичево.

Владата предводена од СДСМ го унапредува здравството ,преку подобрување на условите за престој на пациентите во болница и условите за работа на здравствените работници.“, се наведува во реакцијата на партијата.

sdsm

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:25

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он26/02/2026 - 19:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен