(ВИДЕО) Николов: Триото Заев – Дончев – Филипче на здравството гледаат како на приватна фирма

Од:

„Триото Заев – Дончев – Филипче на здравството и на здравствениот систем гледаат единствено како на приватна фирма. Ако има пари добро, ако нема пари, да се затвори или да се продаде.

Наместо да развиваат вистински концепт за јавно приватно партнерство, каде што би постоел и интерес за јавните здравствени установи со зајакнување на нивните капацитети, спроведоа концепт кој што пропадна по 6 месеци. Со ова единствено што направија, ги распродадоа професионалците од јавното здравство да трчаат по приватни болници или да трчаат во странство”, изјави Игор Николов – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Што направи друго ова трио за здравството? Прекинаа готов проект за клинички центар „Мајка Тереза“ со обезбедени пари од развојна ЕУ банка, спроведоа физибилити студии од кои нема никакви заклучоци, и последно актуелно го пропаднаа проектот јавно приватно партнерство за детската кардиохирургија за кој велеа дека е јавно приватно партнерство, а всушност немаше ништо такво.Со еден збор, последниве три години власт прават единствено штета на јавното здравство, и размислуваат како да го доразнебитат”, додаде тој.

Според Николов, за јавното приватно партнерство по нивниот терк, и Антикорупциска комисија отвори предмет.

„Како и што предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ така наречениот проект јавно приватно партнерство за детска кардиохирургија, воопшто не ни постоеше, освен за Дончев и за Филипче. Единствениот лиценциран лекарски тим за детска кардиохирургија во Македонија, усовршен и создаден со народни пари, му рече НЕ на Дончев и на Филипче. Апаратурата дополнително која е во висина од 1,5 милиони евра стои на клиниката за детска хирургија стои недопрена и неискористена. Наместо развој на јавните институции, ни се случи разнебитување.

Зошто? Затоа што јавно приватно партнерство всушност не ни беше ниту концепт! Да беше јавно приватно партнерство ќе важеа истите услови што важат и во јавниот здравствен систем, кој што ги штити правата и на пациентите и правата на медицинскиот персонал. А, тоа почитуваниот министер очигледно не знаете што е?! Тоа подразбира важење на законот, заштита на пациентите, заштита на медицинскиот персонал, транспарентност, на пример колку операции се направени, колкава е стапката на смртност итн.

Вие министре како никогаш да не сте работеле во јавно здравство?Дополнително ги заборавивте и граѓаните!Знаете ли дека предуслов за реализација на јавно приватно партнерство во сите сфери, а особено во здравството бара комплексна и добро подготвена Национална стратегија за имплементацијата на јавното приватно партнерство?Направивте се, само не тоа што треба!

Измина доста време, голема штета е направена во јавното здравство, посебно на граѓаните. Време е да се стави крај на ваквото однесување и ваквото владеење на Заев и на Филипче. Дајте си оставки додека е време, спасете го здравството и граѓаните на кои им е потребна медицинска помош. Потребно е техничка влада и што побрзо предвремени избори”, додаде тој.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски