(ВИДЕО) Трипуновски: Земјоделците немаат ни за леб, субвенциите не се исплатени во целост

Од:

Земјоделците две ипол години го фрлаат родот на буниште, сечат неколкугодишни овошни насади, а Зоран Заев и Трајан Димковски велат дека земјоделието бележи позитивни резултати. Очигледно е дека блескаме драги земјоделци, ама вие тоа не го гледате, рече Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

Откупната цена на сливата лани била 20 денари, а сега е 24 денари, добро бе господа Зоран Заев и Трајан Димковски дали сте вие сериозни!?, праша Трипуновски.

Грозјето оваа година се продавало по цена од 50 денари! Земјоделци од Тиквешијата дали го слушате ли министерот што зборува!? Очигледно вие не го знаете откупувачот на министерот па затоа вашето грозје го продавате за од 25 денари, односно упола од цената која што денеска ја соопшти министерот Димковски.

Цените со кои се фалите се реалност само во вашите прес конференции, реалноста помеѓу земјоделците е сосема поинаква. Нема откуп, а каде што го има цените се катастрофално ниски. Не ги задоволуваат ниту основните трошоци за производство, а за егзистенција и да не зборуваме.

Почитуван министер, дали го слушате и до вас допира плачот и лелекот на јаболкарите од Ресен, дали до вас допира гласот на оризарите од кочанско, кои што денеска гледаме дека протестираат на улиците по Кочани, дали до вас стига гласот на сточарите во Република Македонија, дали до вас стига гласот и плачот на млекопроизводителите во Република Македонија?

Земјоделците немаат ни за леб. Субвенциите не се исплатени во целост. Проблемот со наводнување е факт низ цела Македонија. Земјоделието е буквално нефункционално. Нема откуп, за некаков си извоз за кој што денеска зборувате, и воопшто и не станува збор.

Каде го гледате растот во извозот и што извезовте? Да не случајно ги извезовте праските кои што завршуваат во каналите, јаболката кои што ги исекоа, сливите кои што завршија на патиштата, зелката која што ја фрлаат кај ќе стигнат земјоделците од струмичкиот регион?

Ги лажете земјоделците, а и сами себе се лажете?

Неспособноста на СДСМ и МЗШВ резултираа со празни сели, необработени ниви, тоа е показател дека земјоделците се разочарани од вашите
погубни политики кои што ги воведувате и се иселуваат од државата.

Господине Заев и Димковски, доколку мислите дека ова што го кажувате е вистина, ајде да излеземе заедно помеѓу земјоделците во Република Македонија и да ги соочиме аргументите. Ајде да се соочиме на избори и земјоделците нека си го кажат своето размислување позади параванот.“, наведе Трипуновски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски